12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Мистериозни беспилотни летала дигнаа тревога во Берген – Вториот најголем аеродром во Норвешка веднаш е затворен

Аеродромот во Берген, вториот по големина град во Норвешка, денеска е затворен.

Беше затворен два часа откако жителите забележаа најмалку еден дрон во близина, соопштија норвешките власти.

Норвешката војска и државен аеродромски оператор Авинор биле известени откако првиот дрон бил забележан во 4:15 часот, а подоцна биле пријавени нови видувања на беспилотни летала, изјави портпаролот на норвешката полиција.

Според него, има мислења дека е можно да се работи за некоја друга појава, како што е временски феномен.

Норвешката новинска агенција NTB објави дека аеродромот Берген се наоѓа во близина на најголемата норвешка поморска база Хаконсверн.

Северно од Берген, дрон беше забележан и во близина на малиот приватен аеродром Ферде, кој поради тоа беше привремено затворен.

Полицијата соопшти дека дронот не е идентификуван.

Најмалку шест руски државјани се уапсени во изминатите неколку недели поради управување со дронови или фотографирање на места чувствителни на безбедноста во Норвешка.