17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото tccb.gov.tr
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Ердоган: Се договорив со Путин

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека се договорил со неговиот руски колега Владимир Путин за изградба на гасен центар.

Како што рече, Европа ќе може да добие руски гас преку Турција, пренесува Спутник.

„Сега Европа размислува како да се обезбеди со енергија во претстојната зима. Ние, фала богу, немаме таков проблем. Згора на тоа, на нашата последна средба со господинот Путин се договоривме за создавање на гасен центар во Турција, како што самиот најави, Европа може да користи руски гас преку Турција“, рече Ердоган на состанокот на неговата партија во парламентот.

Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија може да го премести транзитот на гас од „северните текови“ во регионот на Црното Море и Турција. За идејата разговарал и со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, а биле дадени наредби ова прашање детално и итно да се разгледа.