7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бездомничката во Париз го принудила девојчето да се истушира, па го силувала и убила

Бездомничка од Франција, 24-годишната Дахбија Б., е осомничена за убиството на 12-годишното девојче Лола Лавиет во Париз, што минатата недела ја потресе земјата.

Телото на 12-годишното девојче, кое беше убиено во петокот вечерта во Париз, беше пронајдено во куфер на улица недалеку од зградата во која живеело со родителите. Откако Лола во петокот не се вратила од училиште, нејзините родители ја алармирале полицијата и почнале да бараат. Бездомник го пронашол нејзиното тело во куфер на улица.

Осомничената, бездомничка од Алжир, наводно има сериозни психички проблеми, а е обвинета за убиство, силување и мачење на 12-годишното девојче.

„Дејли мејл“ објави детали од грозоморното злосторство. Во соопштението, обвинителите наведоа дека при распитот осомничената дала различни изјави, меѓу признавање на делото и негирање на убиството.

Бездомничката ја однела Лола во станот на нејзината сестра и ја натерала таму да се истушира. Осомничената изјавила дека откако девојчето се истуширало извршила кривично дело од сексуална природа и други насилни дејствија кои довеле до смрт, а телото го сокрила во куфер.

„Таа се фалела дека продава делови од телото. Доказите сугерираат дека девојчето било однесено во подрумот на станот каде што било мачено и силувано пред да биде задавено и искасапено”, изјавил за „Дејли мејл“ извор од истрагата.

Осомничената бездомничка нема криминално досие и била жртва на семејно насилство во 2018 година. Откако на жената ѝ биле покажани фотографии од телото на Лола, таа наводно одговорила дека и таа била силувана.

„Ги видов моите родители како умираат пред мене“, наводно рекла таа.

Таткото на Лола, чувар во зградата, кога ја проверувал снимката од надзорната камера видел непозната жена како влегува во зградата со неговата ќерка.

Сведоците подоцна изјавија дека виделе жена како влече куфер.

„Беше извалкан со крв и силно мирисаше на белило“, велат тие.

Пред да биде пронајдено телото, мајката на Лола објавила слика од девојчето и жената за која се верува дека ја намамила и киднапирала на Фејсбук.

„Внимание! Нашата ќерка Лола е киднапирана. Последен пат е видена во друштво на девојка која не ја познаваме на влезот од нашата зграда. Ве молиме помогнете ни!“ напишала мајката, која објавила и скриншот од надзорната камера.

Полицијата во подрумот пронашла траги од насилство, селотејп и скалпел. Родителите на Лола се професионални чувари на низа згради во северен Париз, вклучувајќи ја и онаа во која живеат.