22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Берлускони доби роденденски подарок од Путин: 20 шишиња вотка и „слатко писмо“

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, наводно, рекол дека рускиот претседател Владимир Путин му дал 20 шишиња вотка за неговиот роденден, откако „повторно ги воспоставил односите со него“.

Берлускони, стар пријател на Путин, на 29 септември го прослави својот 86-ти роденден. Тој, наводно, на состанокот на парламентарците на Форца Италија во Рим рекол дека добил многу слатко писмо од Путин заедно со пратката вотка, пренесува The Guardian.

Форца Италија ги негираше наводите дека Берлускони дал такви коментари, но аудио снимката објавена од новинската агенција Ла Пресе сугерира поинаку. Имено, на снимката се слуша дека Берлускони рекол дека му го вратил гестот на Путин и дека му испратил шише вино Ламбруско.

– Руските министри во неколку наврати изјавија дека сме во војна со нив затоа што и доставуваме оружје и ресурси на Украина. Не можам лично да го дадам своето мислење бидејќи ако се каже на печатот ќе испадне катастрофа, но многу сум загрижен. Имам донекаде воспоставени односи со претседателот Путин. Го познавав како мирољубива и разумна личност – изјави Берлускони во аудио снимката што ја објави La Presse.

Инаку, Берлускони јавно ја осуди војната, но неколку дена пред изборите рече дека Путин бил принуден на инвазија од Руси и министри кои сакале администрацијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски да биде заменета, како што вели, со пристојни луѓе.

Спонзорирано: