22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Шолц: Се продолжува работата на трите германски нуклеарни централи

Германија ќе ја продолжи работата на своите последни три нуклеарни централи најмалку до април 2023 година, изјави канцеларот Олаф Шолц.

„Ќе создадеме правна основа за работа на нуклеарните централи „Исар 2“, „Некарвестхајм 2“ и „Емсланд“ по 31 декември 2022 година до 15 април 2023 година“, се наведува во писмото на канцеларот до владата.

Владата претходно најави дека по 2022 година ќе задржи две од трите нуклеарни централи. Најсилната европска економија се обидува да ја намали зависноста од рускиот увоз на енергија по војната во Украина. Судбината на електраната Емсланд во северна Германија поттикна спор во коалициската влада на Шолц, меѓу антинуклеарните Зелени и либералната ФДП.

Но, на крајот канцеларот донесе одлука без да постигне никаков консензус.

Германија првично планираше да се откаже од употребата на нуклеарна енергија до крајот на 2022 година, но војната во Украина ги наруши нејзините планови. Германската влада исто така одлучи да ја продолжи работата на неколку термоелектрани на јаглен до пролетта 2024 година, иако си постави за цел до 2030 година овој вид енергија повеќе да не се користи.

Спонзорирано: