20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Пушилин: Денес размена на 220 заробеници помеѓу Русија и Украина

Денис Пушилин, шеф на самопрогласената Народна Република Доњецк, изјави дека Украина и Русија денеска ќе разменат вкупно 220 затвореници.

Пушилин на својот канал Телеграм напиша дека 110 Украинци, главно жени, ќе бидат ослободени, а за возврат ќе бидат ослободени 80 Руси. Тој вели дека се работи за 30 воени лица и 50 цивили.

„Денес се врши размена според формулата 110 за 110. Ги враќаме жените во Украина. Ги разменуваме за 80 Руси кои беа заробени од Украина“, објави Пушилин на Телеграм.

Спонзорирано: