24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Зеленски: Се водат жестоки борби околу Соледар и Бахмут

Жестоки борби се водат околу два града во Донбас – Соледар и Бахмут, изјави денеска претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

„Клучните жаришта во Донбас се Соледар и Бахмут“, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање.
„Таму се водат многу жестоки борби“, рече тој.

Градот Бахмут беше следната цел на руските вооружени сили во нивното напредување низ регионот на Доњецк, откако ги освоија клучните индустриски градови Лисичанск и Северодонецк во јуни и јули.

Соледар се наоѓа северно од Бахмут.