18.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсен е осомничен за шест убиства во Калифорнија

Полицијата во Стоктон, САД, уапси 43-годишен маж осомничен за шест убиства во тој град во централна Калифорнија.

Весли Браунли беше приведен вчераутро откако планираше „лов“ по друга можна жртва, изјави началникот на полицијата Стенли Мекфејден на прес-конференција.

„Беше во мисија да убива“, рече шерифот, додавајќи дека полицијата спречила уште едно убиство, пренесе „Бета“.

Браунли носел пиштол во моментот на апсењето.

Пет мажи беа убиени во Стоктон помеѓу 8 јули и 27 септември годинава во слични околности. Уште еден човек беше убиен во април 2021 година во Оукленд, 80 километри западно од Стоктон.

Жртвите беа на возраст меѓу 21 и 54 години.

Мотивот за убиствата не е утврден, а осомничениот треба да биде изведен пред судија следната недела.