Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Уапсени се двајца малолетници од Скопје, краделе во продавница во Битола

На 15.10.2022 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Шуто Оризари лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје.

По преземени мерки и извршени оперативни проверки, полициски службеници од Отсекот за општ криминал од криминалистичката полиција при СВР Битола во содејство со полициски службеници од Полициско одделение Шуто Оризари констатирале дека двајцата малолетници на 12.10.2022 во колонијална продавница на улица „Широк Сокак” во Битола физички ја нападнале вработената и одзеле пари.

Во службен разговор во полициска станица, извршен во присуство на старатели, тие го признале делото.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Свлечиште направи хаос во центарот на Скопје: Вистинско чудо е што нема повредени

ДЕСК

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК