22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Шолц: Да ја прошириме ЕУ, така ќе имаме поголемо влијание

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска повика на проширена Европска унија, порачувајќи им на насобраните европски социјалдемократи дека на тој начин ЕУ ќе може да има поголемо влијание во глобалните работи.

Шолц, откако ја презеде функцијата канцелар, го постави прашањето за проширувањето на Европската унија со Балканот и со други земји, еден од темелите на неговата надворешна политика.

Ова прашање стана поитно поради руската инвазија на Украина, која стана кандидат за членство во ЕУ на почетокот на летово.

„Европската унија со 27, 30, 36 земји, тогаш со повеќе од 500 милиони слободни и еднакви граѓани, може да има уште поголема тежина во светот“, рече Шолц на Конгресот на Партијата на европските социјалисти во Берлин.

Во моментов Унијата има 27 земји-членки.

„Јас сум посветен на проширувањето на ЕУ. Дека Унијата продолжува да се шири кон исток е победничка ситуација за сите нас“ – рече Шолц.