23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Маск се премисли: Ќе продолжиме да обезбедуваме бесплатен интернет за Украина

Маск денеска твитна дека сателитската Интернет услуга Starlink на SpaceX ќе продолжи да работи во Украина дури и ако компанијата не добива владини субвенции.

Ова е пресврт во однос на неговата претходна изјава дека компанијата не може сама „да го финансира постоечкиот систем на неодредено време“.

Минатиот месец SpaceX испрати предупредувачко писмо до Пентагон дека не може да продолжи да ги финансира украинските интернет услуги без финансиска помош од американската влада.

Маск, кој е извршен директор на SpaceX, му потврди на новинарот на „Киев пост“ дека неговата компанија повеќе нема да и дозволува на украинската војска бесплатно да го користи сателитскиот систем Starlink, а сето тоа поради изјавата на контроверзниот украински дипломат – Андреј Мелник.

Минатата недела, Мелник го нападна Маск поради предложениот мировен план на милијардерот за „Украина да и отстапи дел од својата територија на Русија и да стане неутрална држава“.

Неколку дена подоцна, според „Financial Times“, украинските војници почнале да имаат проблеми со пристапот до Starlink, додека „CNN“ објави писмо од SpaceX до Министерството за одбрана на САД во кое компанијата бара од Пентагон да ги покрие трошоците за операцијата на Starlink во Украина.

Сепак, Маск денеска изненади со новата објава на Твитер. Го смени пристапот.

„По ѓаволите… иако Старлинк сè уште губи пари, а другите компании добиваат милијарди долари од даночните обврзници, ние ќе продолжиме бесплатно да ја финансираме украинската влада“ – се вели во соопштението.