18.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Ердоган: Заврши мисијата за спасување во рудникот на северот на Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е завршена спасувачката мисија по експлозијата во рудникот за јаглен на северот на Турција, пренесоа медиумите.

Експлозијата се случи попладнето на 14 октомври, во рудник во провинцијата Бартин.

Ердоган рече дека во експлозијата загинале 41 лице, додека 11 работници се повредени и хоспитализирани, јавува „Анадолија“.

„Надлежните судски органи покренаа истрага, а според прелиминарните сознанија, причина за експлозијата била мешавина од запаливи гасови во рудникот“ – рече Ердоган.

Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа изјави дека петмината повредени рудари се уште се во критична состојба.