Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Нека денешниот помен на неизмерниот талент и човечки квалитети што Тоше Проески ги споделуваше со сите, нè потсети на суштината на човековото постоење

Фејсбук статус на министерот за внатрени работи Оливер Спасовски:

Денеска се навршуваат 15 години од трагичната смрт на нашата музичка ѕвезда Тоше Проески.

Нека денешниот помен на неизмерниот талент и човечки квалитети што Тоше Проески ги споделуваше со сите, нè потсети на суштината на човековото постоење, за да се обидеме барем малку да му возвратиме за сето она што тој во својот живот го правеше за нас преку својата музика и хуманост – ни даруваше верба, мир и љубов.

Вечен да е споменот на големата македонска и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески.

Можеби ќе ве интересира

Битиќи: Власта ги одби сите амандмани на СДСМ за подобар живот на граѓаните

ДЕСК

Лукаревска: Дел од поканетите сведоци по вторпат се на службен пат токму за Надзорната расправа за Алта банка

ДЕСК

Гаши во официјална посета на Хрватска: Средба со Јандроковиќ за продлабочување на билатералната и парламентарната соработка

ДЕСК