23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Белорусија: 9.000 руски војници ќе бидат распоредени во земјата

Белоруското Министерство за одбрана објави дека нешто помалку од 9.000 руски војници ќе бидат распоредени во Белорусија.

Околу 9.000 руски војници ќе бидат распоредени во Белорусија како дел од регионалната групација на сили за заштита на границите на Белорусија. Валериј Ревенко, шеф на одделот за меѓународна воена соработка во Министерството за одбрана, напиша на Твитер дека првите руски војници почнале да пристигнуваат во Белорусија вчера и ќе продолжат да пристигнуваат во следните неколку дена.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатата недела изјави дека белоруски и руски трупи ќе бидат распоредени во близина на границата со Украина поради заканите од таа земја и од Западот.