14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Нова трагедија на македонските патишта: Загина мотоциклист во Кочани

Вчера околу 15.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на импровизирана патека во близина на ул.„Македонска“ во Кочани, К.Ѓ.(65) од Кочани, управувајќи мотоцикл, изгубил контрола над мотоциклот и паднал.

– Од здобиените повреди, К.Ѓ. починал на местото, а смрт констатирала медицинска екипа. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани, информира МВР.