25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Со уредба потпишана од Путин може да се изнесува готовина над 10.000 долари

Централната банка на Русија е овластена да издава дозволи за повлекување странски пари во готовина што ја надминуваат сумата од 10.000 долари, врз основа на указот на рускиот претседател Владимир Путин, објавено е денеска на порталот за правни информации – РФ.

Претседателот на Русија со декрет и дал овластување на Централната банка да издава дозволи за извоз на поголеми суми пари од таа сума.

Како што е наведено во регулативата, дозволите се издаваат во случаи и во согласност со постапката утврдена од Управниот одбор на Централната банка на Руската Федерација.

Потсетуваме дека претходно, на почетокот на март, Русија забрани повлекување готовина од земјата над 10.000 долари.