22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен земјотрес го погоди Мауна Лоа, најголемиот активен вулкан на планетата

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала го погоди Мауна Ло на Хаваите, најголемиот активен вулкан на планетата.

Луѓето низ целиот Голем Остров почувствуваа благо тресење на земјата.

Градоначалникот на округот Хаваи, Мих Рот, рече дека засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Најмалку осум последователни потреси следеа по земјотресот во резерватот Кау Форест во близина на југоисточниот град Пахала на островот, соопшти Американскиот геолошки институт.

Во овој момент, нема знаци дека Мауна Лоа ќе избувне.

Научниците од хавајската опсерваторија за вулкани внимателно го следат вулканот за можни промени.

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами соопшти дека нема закана од цунами за Хаваите.

Спонзорирано: