23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Пукање во Зворник, едно лице убиено, тројца повредени

Во пукотници што се случија синоќа нешто пред полноќ во ресторан во близина на Зворник, едно лице е убиено, додека тројца се ранети, пренесува „Кликс“.

Како што потврдија од полицијата во Зворник за тој портал, пукањето се случило во ресторан.

Портпаролката на ПУ Зворник, Данијела Маџаревиќ, изјави дека во ПУ Козлук синоќа околу 23.05 часот било пријавено дека во Општата болница Зворник се примени четворица пациенти со повреди од огнено оружје.

„Едно лице почина од повредите, а останатите три се задржани на лекување. Еден од нив е во тешка состојба“, изјави Маџаревиќ.

Таа посочи дека насилникот по пукањето заминал во непознат правец и дека полицијата интензивно трага по него.

Според медиумот причина за пукањето се нерасчистени односи од порано.