26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пет лица загинаа во престрелка во Северна Каролина, меѓу нив и еден полицаец

Пет лица загинаа во престрелка што избувна во Рали, главниот град на американската сојузна држава Северна Каролина, меѓу кои и еден полицаец.

Најмалку две лица, меѓу кои уште еден полицаец, се ранети и пренесени во болница, изјави градоначалничката Мери-Ен Болдвин на прес-конференција.

– Мораме да направиме повеќе. Мораме да го запреме ова бесмислено насилство во Америка – изјави Болдвин.

Осомничениот за престрелката е бел тинејџер, кој бил вооружен со пушка, објави ВТВД.

Полицијата го уапсила осомничениот откако затворила дел од градот и организирала масовна потера која траела неколку часа.

– Кошмарот на секоја заедница дојде во Рали. Ова е бесмислен, ужасен и разорен чин на насилство што беше извршен – рече гувернерот на Северна Каролина Реј Купер на прес-конференција.

Полицијата не соопшти детали за тоа како се одвивала пукањето, ниту, пак, кажа нешто повеќе за околностите на апсењето.