26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Макеи: Армијата во готовност – Белорусија е подготвена

„Во Белорусија е воведен режим на антитерористички операции, безбедносните структури се подготвени да се спротивстават на секоја провокација од соседните земји“, ова го изјави министерот за надворешни работи на Белорусија, Владимир Макеи.

„Шефот на нашата држава Александар Лукашенко одржа серија состаноци со безбедносните сили и беше прогласен режим на антитерористички операции. Навистина, имаше информации дека некои соседни земји планираат провокации, дури и окупираат одредени области на белоруската територија“, рече Макеи во интервју за „Известија“.