25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Исповед по падот на мостот во Србија: Паднав во водата, страшно беше, но за среќа знаев да пливам

Денеска се случи трагедија во Србија додека група туристи се обидувала да помине преку мост на Западна Морава, при што загинаа две жени и 10 лица се повредени.

Дел од лицата кои ја преживеаа драмата дадоа изјава за медиумите за тоа што се случило на мостот.

„Тргнавме да го преминеме мостот, другата група беше пред нас и мостот беше полн. Едната група останаа, а јас бев во групата која падна во водата. Свештеникот ни кажа да одиме по четири луѓе, но никој не сакаше да го слуша. Паднавме во водата, страшно беше, меѓутоа се борев и не се предавав. За среќа знаев да пливам“, открива една жена за српските медиуми.