25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Американски аналитичар: На пат сме кон нуклеарна војна

„Во војната ништо не е неизбежно, а малку работи се предвидливи. Тоа што почна како злосторничка руска агресија на Украина, стана војна меѓу Вашингтон и Москва“, пишува американскиот аналитичар и експерт Џереми Шапиро.

„Двете страни може да влезат во директен конфликт и потоа да премине во нуклеарен, кој ќе убие милиони луѓе и ќе уништи поголем дел од светот. Ова очигледно е смело предвидување и не многу мудро“, кажа тој.

Шапиро кажа дека американскиот претседател Џо Бајден веќе ја посочил оваа опасност како „нуклеарен армагедон“ кој беше гласно критикуван.