8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Во Одеса ја тргнаа фотографијата на Илон Маск од билборд

Градските власти во украинскиот град Одеса објавија дека ќе ги отстранат фотографиите на американскиот милијардер и основач на „Спејс икс“, Илон Маск, од билбордите со познати личности, кои ѝ помогнале на Украина.

Одлуката беше објавена на „Телеграм“, а беше донесена откога Маск неодамна го објави својот мировен план за решавање на конфликтот во Украина.

Планот беше критикуван од украинските власти, а Кремљ сметаше дека е позитивно што личност како Маск се обидува да најде мирно решение за ситуацијата.

Имаше информации и дека Путин и Маск разговарале пред тој да го претстави својот предлог, но Кремљ и американскиот милијардер тоа го демантирале наведувајќи дека последниот разговор го имале пред една и пол година.

Спонзорирано: