23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди авганистанскиот град Фајзабад, главен град на североисточната провинција Бадакшан, изјави талибански претставник.

Агенцијата се повикува на изјавите на директорот на талибанската новинска агенција Бахтар, Абдул Вахид Рајан, кој рече дека епицентарот на земјотресот бил областа Шагнан и дека земјотресот бил почувствуван и во други делови на покраината.

Авганистан беше погоден и од силен земјотрес во јуни, кога претставници на Обединетите нации објавија дека како последица на земјотресот загинале 770 лица, додека талибанците проценија дека бројот на загинати е 1.150.