23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Песков: Путин и Ердоган ќе се сретнат во четврток во Астана

Рускиот претседател Владимир Путин во четврток во Астана ќе се сретне со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган за да разговара за ситуацијата во Украина и билатералните односи, соопшти денеска Кремљ.

Состанокот ќе се одржи во главниот град на Казахстан, на маргините на регионалниот самит во Астана, додаде портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Портпаролот на Кремљ претходно им изјави на новинарите дека е „можно“ двајцата лидери да разговараат за турскиот предлог за одржување разговори меѓу Русија и Западот на тема мир во Украина.