24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Украина се закани со одмазда: Путин е терорист, кој разговара со проектили

Вo ракетирањето на Киев утринава загинаа најмалку пет луѓе, 12 се ранети и погодени згради, меѓу кои и некои кои се дел од „клучната инфраструктура“ на главниот град на Украина, соопштија полицијата и градоначалникот на Киев.

Меѓу местата погодени од проектили во главниот град е и детско игралиште, објави на својот канал Телеграм советникот на Министерството за внатрешни работи Антон Герашченко.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека се обидува да ја избрише неговата земја „од лицето на земјата“.

Украинското Министерство за одбрана најави одмазда за руските ракетни напади што ги погодија градовите низ Украина во понеделник наутро.

„ Има жртви и разурнувања“, објави Министерството на својата Фејсбук страница. „ Непријателот ќе биде казнет за болката и смртта нанесена на нашата земја! Ќе се одмаздиме!

Висок украински функционер изјави дека руските ракетни напади утрово врз градовите ширум Украина биле сигнал до цивилизираниот свет дека „руското прашање“ мора да се реши со сила.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека руските ракетни напади низ Украина покажале дека претседателот Владимир Путин е „терорист кој разговара со проектили“.

„Повеќе руски ракетни напади врз Украина. Единствената тактика на Путин е теророт против мирните украински градови, но тој нема да ја скрши Украина. Ова е неговиот одговор на попустливите кои сакаат да разговараат со него за мир: Путин е терорист кој зборува со проектили, “ напиша Кулеба на Твитер.