24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин: Aко продолжат терористичките напади, одговорот ќе биде остар

Рускиот претседател, Владимир Путин, повторно ја обвини Украина за нападот на Крим, велејќи дека тоа е „терористички чин“.

Рускиот претседател понатаму тврди дека Украина се обидела да го крене во воздух гасоводот Турски тек.

„Доколку нападите врз Русија продолжат, одговорот ќе биде остар. Одговорите ќе бидат со ист размер како и заканите кон Русија. Во случај на понатамошни обиди за извршување терористички акции на наша територија, одговорот на Русија ќе биде остар“, кажа Путин на состанокот на Советот за безбедност.

Тој призна дека „ракетите со долг дострел“ биле насочени кон енергетските, воените и комуникациските објекти на Украина во координиран напад.