Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Жител на Бродец осомничен за измами

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 52-годишен жител на Бродец, осомничен дека сторил четири различни кривични дела измама казниво по Кривичниот законик.

На 23 септември тој измамил жител на селото Палчиште, ветувајќи му дека ќе му помогне да извади возачка дозвола, а за услугата побарал и добил надомест од 1.450 евра.

Во јули годинава, на сличен начин држел во заблуда жител на Тетово, кој за помош при вадењето возачка дозвола на осомничениот му исплатил сума од 1.200 евра. Откако ги зел парите, осомничениот веќе не му одговарал на телефонските повици.

Осомничениот, во август, на жител на селото Шипковица му се претставил како шеф во ЕВН-Тетово и му ветил дека ќе издејствува за две недели во куќата да му стават нов приклучок за струја. За услугата на оштетениот му зел 2.800 евра на рака и му побарал документи за куќата, но набрзо потоа престанал да комуницира со него.

За да заврши оставинска постапка за жител на селото Боговиње, осомничениот на 26 септември побарал и добил 1.300 евра од оштетеното лице, а услугата никогаш не ја извршил.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.​​

Можеби ќе ве интересира

ПОЖАР ВО КУЌА НА БИТ ПАЗАР ВО СКОПЈЕ – Интервенирале пожарникари

ДЕСК

НАПАД НА БЕНЗИНСКА ПУМПА, ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА И ЗАКАНИ КОН ДЕКАН И ПРОФЕСОРИ – Три одделни случаи во Скопје и Тетово

ДЕСК

НАПАД ВРЗ ЖЕНА, ЗАКАНИ ПРЕКУ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА И ВОНБРАЧНА ЗАЕДНИЦА СО 14-ГОДИШНО ДЕТЕ – Три одделни случаи во Скопје и Кумановско

ДЕСК