25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Ердоган: Европа ја чека тешка зима, Турција не

Европските земји ќе се соочат со сериозни тешкотии оваа зима поради ограничувањата за испорака на гас од Русија, оценува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

На средбата со членовите на Турската младинска фондација во Истанбул, тој рече дека сега цела Европа се прашува како ќе помине оваа зима, пренесува агенцијата „Анадолија“. Ердоган посочи дека Турција нема да има проблеми со енергетиката оваа зима.

Зборувајќи за руско-украинската војна, Ердоган рече дека Анкара во моментов игра водечка улога во посредничките напори за мирно решавање на конфликтот.