24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Борел: Длабоко сум потресен од нападите на Русија врз цивилите

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека е длабоко потресен од рускиот напад врз цивили и градови во Украина и најостро го осуди потегот на Русија.

„Длабоко сум тажен поради руските напади врз цивилите во Киев и другите градови во Украина. Ваквите дела немаат место во 21 век. Ние стоиме на страната на Украина. Дополнителна воена поддршка од ЕУ е на пат“, напиша Борел во објава на социјалната мрежа Твитер.

Украинските власти соопштија дека Русија извршила ракетни напади врз бројни украински градови, а според киевската полиција, идентификувани се пет жртви на нападот, а 12 се ранети.