Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Три лица тешко повредени во сообраќајка на патот Куманово-Липково

Синоќа на регионалниот пат Куманово-Општина Липково, атар на селото Липково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од Б.М.(22) од селото Оризари – општина Липково и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од И.М.(27) од с.Отља, Липковско, двете со кумановски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот од возилото „ауди“, С.И.(21) од с. Липково, констатирани во Општата болница во Куманово, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово