10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се запали автобус во Индија, најмалку 12 лица загинаа

Најмалку 12 лица загинаа, а две се во критична состојба откако денеска се запали автобус во градот Нашик во западната индиска држава Махараштра.

Повеќе од 30 повредени се згрижени во локална болница додека трае истрагата за причините за несреќата, соопшти полицијата.

Автобусот се запалил откако удрил во цистерна што превезувала гориво, јавуваат локалните медиуми.

„Вознемирен од трагедијата со автобусот Нашик. Моите мисли се со оние кои ги загубија своите најблиски во оваа несреќа“, напиша индискиот премиер Нарендра Моди на Твитер.

Моди најави дека семејствата на загинатите ќе добијат по 200.000 рупии (2.400 долари), додека повредените ќе добијат по 50.000.

Нека повредените оздрават што поскоро. Локалната администрација ја дава сета можна помош“, додаде Моди на Твитер.

Главниот министер на Махараштра најави финансиска поддршка за семејствата на загинатите и рече дека државата ќе плати за лекување на повредените.