5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски до Русите: „Предадете се, Путин ве испраќа во смрт“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој им се обрати на руските граѓани, рече дека нивниот претседател Владимир Путин свесно испраќа „граѓани во смрт“.

Освен тоа, им кажал што ќе биде со оние што се предале, јавуваат светските агенции.

„Руските власти одлично знаат дека ги испраќаат своите граѓани во смрт“, изјавил Зеленски и ги повикал руските сили во Украина да се предадат.

„Ќе бидете третирани на цивилизиран начин… Никој нема да ги знае околностите на вашето предавање“, рекол Зеленски неколку часа откако Русија усвои закон со кој се заоструваат казните за дезертерство и одбивање да се впуштат во борба.

Како што соопшти Кремљ претходно, Путин потпишал и закон со кој се олеснува пристапот до руско државјанство за странците кои ќе се пријават за период од најмалку една година во армијата.