17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вонредна состојба на Флорида, доаѓа бурата „Јан“со потенцијал да прерасне во голем ураган

Гувернерот на американската сојузна држава Флорида, Рон Де Сантис денеска прогласи вонредна состојба во 24 окрузи, поради зајакнувањето на тропската бура „Јан“, која се наоѓа над Карибите и се стравува дека следната недела ќе донесе обилни врнежи и урагански ветрови и до Флорида.

Де Сантис им порача на жителите на Флорида и на локалните власти да се подготват додека се приближува бурата и побара од федералните власти да прогласат вонредна состојба.

Националниот центар за урагани предвидува дека тропската бура „Јан“ ќе се движи низ западна Куба и ќе се приближи до Флорида на почетокот на следната недела со јачина на ураган.

„Оваа бура има потенцијал да прерасне во голем ураган, затоа ги охрабруваме сите жители на Флорида да се подготват. Се координираме со сите државни и локални партнери и ги анализираме можните ефекти од ова невреме“, се вели во соопштението на Де Сантис.