23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео) Најмалку пет лица се повредени во пукање во забавен парк во Америка

Најмалку пет лица се повредени, од кои двајца од истрели од огнено оружје, откако избила престрелка во забавен парк во Кенивуд, Пенсилванија.

Пукањето се случило за време на настан за „Ноќта на вештерките“. Во престрелката двајца се ранети, додека другите најверојатно се повредени при бегството, пишува „Bnonews“.

Инцидентот се случил во саботата околу 23 часот.

На местото на настанот биле повикани голем број на итни служби, меѓу кои и амбулантни возила и медицински хеликоптер. Точниот број на повредени, како и идентитетот на пукачот, засега не е познат, јавија агенциите.

„Паркот е затворен и сите гости си заминаа. Свесни сме за ситуацијата што се случи вечерва. Безбедноста на нашите гости и членови на тимот е наш врвен приоритет“, велат официјалните лица.