26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина: Вративме нови територии на истокот на земјата

Украинската војска објави дека повторно освоила град во источниот регион Доњецк од Русите во денот кога Москва организира референдуми во неколку украински региони под нејзина контрола.

„Украинската армија повторно ја зазеде Јацкивка“, објави на телевизија Олексиј Громов, претставник на украинскиот Генералштаб.

Заземањето на тоа место на источната страна на реката Оскил потврдува дека продолжува украинската контраофанзива, во која Киев веќе поврати илјадници квадратни километри територија од соседната област Харков.

„Украинците, исто така, ја вратија контролата врз позициите јужно од Бахмут, клучен град во регионот Доњецк кој беше под руски напади во последните недели“, рече Громов.

Во украинските области делумно или целосно под руска контрола денеска се одржуваат референдуми за приклучување кон Русија. Киев и Западот ги нарекуваат лажни референдуми и оценуваат дека означуваат голема ескалација на конфликтот.