14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Комисијата на ОН: Заклучивме дека во Украина се извршени воени злосторства

Претседателот на независната истражна комисија за Украина, Ерик Мозе, денеска изјави дека е констатирано оти во Украина се извршени воени злосторства врз основа на доказите собрани во четири региони на таа земја.

„Врз основа на доказите што ги собра, Комисијата заклучи дека во Украина се извршени воени злосторства“, рече Мозе во Советот за човекови права на ОН во Женева.

Неговото обраќање следуваше по истрагите спроведени во Киев, Чернихив, Харков и Суми, каде што комисијата посети 27 места и разговараше со повеќе од 150 сведоци и жртви на насилство, наведува британската агенција.

Независната комисија беше формирана од Советот за човекови права на ОН во март поради наводите за злосторства извршени во Украина од 24 февруари кога Русија почна воена операција во таа земја.