Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи на состанок на министрите за надворешни работи на ЦЕИ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), кој се одржа на маргините на 77 . сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

За време на обраќањата на претставниците на земјите членки, фокусот беше ставен врз руската воена агресија врз Украина и начинот на кој ЦЕИ може да ѝ помогне на оваа земја. Се разговараше и за модалитетите како иницијативата може да пристапи кон актуелните предизвици директно поврзани со војната – енергетска криза и нарушувањето на синџирот на снабдување.

Во таа насока министерот Османи повика на вклучување на земјите од Западен Балкан во заедничките механизми на ЕУ за справување со економските, финансиските и енергетските последици од инвазијата врз Украина. Како позитивен пример во тој поглед ги посочи одлуките на владите на Бугарија и Грција да ѝ помогнат на Северна Македонија да го преброди недостигот на енергенти.

Османи се осврна и на проширувањето на ЕУ за кое нагласи дека треба да се гледа како „најадекватна инвестиција за безбедноста на самата Унија и европскиот континент во целина“.

Можеби ќе ве интересира

Димовска: транспарентност, дигитализација и безбедност на парламентите

ДЕСК

“ПАДНА” ПОЛИЦАЕЦ: Возел со активна забрана за управување, двојно побрзо од дозволеното и под дејство на алкохол!

ДЕСК

Кривични пријави за вработени во МВР и Шумска полиција за „злоупотреба на службена положба и овластување“, „оддавање на службена тајна“ и „пустошење на шуми“

ДЕСК