15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКНАУКА

Откриен нов минерал на Месечината: Важен напредок за разбирање на еволуцијата

Кинеските научници тврдат дека откриле нов минерал на Месечината, што ја прави Кина првата земја која постигнала таков успех.

За време на прес-конференција, потпретседателот на кинеската управа за атомска енергија (CAEA) Донг Баотонг го објави името на новиот минерал, кој е Чејнџсајт-(Y).

– Ова е големо научно достигнување за Кина во областа на вселенската наука – посочи тој.

Чејнџсајт -(Y) е колонообразен кристален фосфат минерал кој се наоѓа во лунарните базалтни честички.

Од 140.000 лунарни примероци честички, истражувачите од Пекинг Истражувачкиот институт за геологија на ураниум идентификуваа, анализираа и интерпретираа една кристална честичка со радиус од околу 10 микрони користејќи софистицирани техники, вклучително и дифракција на Х-зраци.

Кинеската комисија за нови минерали, номенклатура и класификација (CNMNC) на Меѓународната минералошка асоцијација (IMA) го класифицираше Чејнџсајт -(Y) како нов минерал.
Тоа е шестиот нов минерал што луѓето го идентификувале на Месечината, а Кина сега им се придружи на САД и Русија, земји кои исто така го направија истото.

Во 2020 година, кинеската мисија Чејнџ-5 донесе примероци од лунарната почва на Земјата за прв пат по повеќе од 40 години.

Во анализата на примероците учествуваа истражувачи од повеќе агенции, вклучително и Кинеската академија на науките, Министерството за образование и Министерството за природни ресурси.

Досегашните откритија имаат значително влијание врз разбирањето на формирањето и еволуцијата на Месечината, како и на напорите за одредување на најефикасните начини за користење на нејзините ресурси.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Страдате од депресија и анксиозност: Пред да посетите психијатар, проверете дали ви недостасува овој минерал

M T

Најдолгото затемнување на Месечината во историјата ќе им го направи животот пекол на овие хороскопски знаци

M T

Денски или ноќен тип: Овој период од денот во кој сме родени ВЛИЈАЕ НА КАРАКТЕРОТ

M T

Безос ја тужи НАСА за изборот на Илон Маск, на кого му додели 2,9 милијарди долари за летало на Месечината

M T

Безос понуди 2 милијарди долари за да се врати во трка за Месечината

M T

НАСА предупредува: Месечината ќе предизвикува поплави во 2030-тите

M T