Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека Загреб продолжува да го поддржува членството на Црна Гора во Европската Унија, но предупреди дека оспорувањето на принципите на Бадинтеровата комисија би испратило негативен сигнал.
Пленковиќ позитивно го оцени напредокот во преговорите за обесштетување на поранешните затвореници од логорот Морињ.
Истовремено, тој нагласи дека Хрватска очекува решавање на преостанатите билатерални прашања и почитување на добрососедските односи.


