17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Проштална средба Османи-Брнз со акцент на партнерството во рамки на НАТО Алијансата и неодамна одржаниот Стратешки дијалог

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, оствари проштална средба со амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз.

Средбата се реализираше на 27 годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Северна Македонија и САД, што претставуваше убава прилика да се поздрават многуте заеднички успеси и достигнувања низ годините, со посебен акцент на партнерството во рамки на НАТО Алијансата и неодамна одржаниот Стратешки дијалог меѓу двете земји.

Министерот Османи се заблагодари за активниот и континуиран ангажман на амбасадорката Брнз во насока на продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји, како и за конзистентната американска поддршка за демократскиот развој на Северна Македонија и напредокот на патот на европските интеграции.