Град Скопје започна нова постапка за избор на изведувач за реконструкција на Планетариумот во Младинскиот културен центар. Претходната јавна набавка беше поништена бидејќи во предвидениот рок не пристигнала ниту една понуда.
Проектот предвидува обновување на просториите, замена на столаријата и модернизација на системите за греење и ладење.
Посебно внимание е предвидено да се посвети на пристапноста на објектот за лицата со попреченост. Реализацијата на реконструкцијата ќе зависи од исходот на новата тендерска постапка.


