Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, во петокот вечерта потврди дека неговата партија останува на досегашниот став во однос на јазикот на кој се полага правосудниот испит.
Димитриевски оцени дека познавањето на македонскиот јазик и правната терминологија е неопходно за функционирањето на правосудниот систем. Тој очекува во декември да биде одржана лидерска средба на која ќе се разгледуваат актуелните прашања.
Изјавите беа дадени во пресрет на изборната конференција за формирање на Клубот на жените на ЗНАМ.


