17.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Песков: Русија ќе прима туристи и од непријателските земји

Русија е заинтересирана да прими туристи од непријателски земји бидејќи луѓето треба сами да ги видат и разберат многуте лаги што се кажуваат за Русија на Запад, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Ние сме заинтересирани туристите да доаѓаат да нѐ посетат, вклучително и оние од земјите што ги нарекуваме непријатели. Зошто да не. Луѓето треба да дојдат да ја видат нашата земја и да разберат дека она што го гледаат и слушаат за нашата земја во нивните земји е целосна лага, тоа може да им се објасни дури кога ќе ги поканиме овде“, рече Песков.

Зборувајќи за укинување на визните олеснувања за влез на руски државјани во ЕУ, Дмитриј Песков рече дека Москва ќе се води од сопствените интереси, но дека тоа нема да значи оти руските власти ќе возвратат со иста мера.