9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Песков: Русија има што да разговара со Зеленски, за тоа како ќе се исполнат нашите услови

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија има за што да разговара со претседателот на Украина Володимир Зеленски, а тоа е начинот на кој ќе се применат руските услови за решавање на ситуацијата во Украина.

На прашањето на новинар од телевизискиот канал „Русија-1“ дали Москва има за што да разговара со Зеленски по неговите изјави дека „не е подготвен да ја реши ситуацијата по мирен пат“, Песков одговори потврдно.

„Секако, треба да разговараме како ќе се исполнат нашите услови“, одговори Песков, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека руските услови „апсолутно“ останале непроменети.

„Специјалната операција се одвива според планот, сите цели ќе бидат исполнети“, рече Песков.

Тој рече дека секоја криза завршува на преговарачка маса, а секој конфликт завршува со смирување на тензиите. Така ќе биде и сега. Малку е веројатно дека ќе се случи наскоро, поверојатно е дека ќе се случи подоцна, но дефинитивно ќе се случи“ – рече Песков.

Спонзорирано: