9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива / Влада на Русија
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Медведев ја обвини Германија дека води хибридна војна против Русија

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ја обвини Германија дека води „хибридна војна“ против Русија, оправдувајќи го прекинот на испораката на гас за Берлин, како што рече, со „непријателското“ однесување на Германија во екот на конфликтот во Украина.

Оваа изјава доаѓа во време кога односите меѓу Германија и Русија веќе се нарушени од украинскиот конфликт, а дополнително се влошија по рускиот прекин на испораката на гас преку гасоводот Северен тек.

„Германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека „Русија повеќе не е сигурен снабдувач на енергија“. Прво, Германија е непријателска земја, второ, воведе санкции за целата руска економија и и испорачува смртоносно оружје на Украина“ – рече Медведев, кој е заменик-секретар на Советот за безбедност на Русија, во пораката објавена преку Телеграм.

„Со други зборови, таа објави хибридна војна против Русија. Германија се однесува како непријател“, напиша тој.

Спонзорирано: