14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Абазовиќ со виц за Црногорците го насмеал Вучиќ на саемот на „Отворен Балкан“

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ на својот профил на ТикТок објави видео во кое го насмеал српскиот претседател Александар Вучиќ и раскажува виц за Црногорците.

Вучиќ во текот на изминатиот ден посетил неколку штандови на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“, кој се одржа во рамки на самитот, каде во разговор со дел од присутните изјавил дека испил околу сто чаши вино, пренесуваат српските медиуми.

Доброто расположение на Вучиќ го искористил и премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, кој се пошегувал на своја сметка со тоа што на претседателот на Србија му кажал виц за Црногорците.

@dritan Koja je karakteristika crnogorskog štanda? Jedini ima stolicu. 🙂 #dritanabazovic #aleksandarvucic #dritan #crnagora #serbia #balkanopen #balkan #tiktok #viral #montenegro #humor ♬ original sound – Dritan Abazovic

На видеото кое го објави на својот канал ТикТок, се гледа како Абазовиќ го прашува Вучиќ: „Дали знаете што е карактеристично за црногорскиот штанд?“, а потоа одговара дека е единствениот со стол.

Спонзорирано: