12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Зеленски: Сè уште не сме го слушнале главното од МААЕ

Мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во нуклеарната централа „Запорожје“ сепак би можела да одигра важна улога и покрај тешкотиите предизвикани од руското воено присуство во централата, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„За жал, не ја слушнавме главната работа од МААЕ, а тоа е поканата до Русија да ја демилитаризира нуклеарната централа. Се надевам дека мисијата ќе го почитува она што го договоривме и дека ќе им служи на интересите на целата меѓународна заедница“, рече Зеленски.

Тој изјави дека украинските власти направиле сè за да го обезбедат пристапот на МААЕ до електраната во Запорожје и оти верува дека оваа мисија „сè уште може да игра улога“.

Украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом“ претходно денеска соопшти дека на мисијата на МААЕ не 1 било дозволено да влезе во кризниот центар на централата, каде што Украина тврди дека се стационирани руски војници и дека ќе се бори за непристрасна процена на ситуацијата.

Зеленски исто така рече дека овозможувањето безбедно функционирање на електраната во Запорожје и нејзиното останување на украинската електрична мрежа ќе му помогне на Киев да дејствува во борбата против енергетската криза во Европа.

„Украина е подготвена да го зголеми извозот на електрична енергија во земјите на ЕУ“, објави украинскиот претседател во видео емитувано на состанокот на форумот „Амброзети“ во европската куќа на северот на Италија, пренесува британската агенција.