14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерот Николовски потпиша договор за соработка и обезбеденост со храна

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во рамките на самитот „Отворен Балкан“, денеска, во Белград, заедно со министрите за земјоделство на Србија и Албанија, Бранислав Недимовиќ и Фрида Крифца, потпиша договор за соработка помеѓу трите држави во областа на механизмите за обезбеденост со храна во Западен Балкан.

Преку потпишувањето на овој договор се потврдува принципот на солидарност, меѓусебна соработка и поддршка, што е и основната цел на иницијативата „Отворен Балкан“, информираат од МЗШВ.

„Сите држави во светот како последица на војната во Украина се соочуваат со сериозна криза и предизвик како да обезбедат доволно храна. Овој договор ја има токму таа цел – да утврди јасен начин за непрекината трговска размена овозможувајќи стабилен и непречен проток во снабдувањето со основните земјоделско-прехранбени производи помеѓу земјите членки на ‘Отворен Балкан’“, се вели во соопштението.

Од таму појаснуваат дека „земјите членки на ‘Отворен Балкан’ преку овој договор се согласни да нема меѓусебни забрани за тргување со основни земјоделско-прехранбени производи, како и укинување на сите квантитативни ограничувања на увозот или вршење реекспорт во трети земји за основните земјоделско-прехранбени производи што потекнуваат од членките на иницијативата ‘Отворен Балкан’“.

Спонзорирано: