26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Захарова: Русија со години правеше сè за да спречи насилно сценарио во Украина

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, изјави дека Русија направила сè за да спречи насилно сценарио во Украина, пишува новинската агенција ТАСС.

„Со години правевме сè за да спречиме влошување на ситуацијата во Украина и да избегнеме насилно сценарио“, рече Захарова.

Таа вели дека договорите од Минск биле можност за Киев, но дека украинските власти од самиот почеток немале намера да го спроведат тој план.

„Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана, Алексеј Данилов, претходно оваа недела даде изјава дека режимот во Киев никогаш немал планови за спроведување на договорот од Минск“, рече Захарова, пренесува ТАСС.